Владата го номинира Срѓан Керим за генерален секретар на ООН

Од:

Владата на Република Македонија одлучи да го номинира д-р Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и 62-ри Претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, за функцијата Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации.

Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзeде заеднички став дека следниот Генерален Секретар на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

„Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН“, информираат од таму.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата