Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека Србија веќе не треба да војува, туку преку мирен пат да се бори за своите интереси.
„Не треба да водиме војни и не смееме да ги заборавиме војните кои сме ги воделе“, изјави Николиќ на свечената академија на Правниот факултет, по повод стогодишнината од Првата балканска војна и ослободувањето на Стара Србија.
„Ние денеска настојуваме да обезбедиме мирен живот, посветен на создавањето“, додаде Николиќ.