Во Хрватска досега влегле 5.400 имиганти

Од:

Според податоците на Црвениот крст во Хрватска влегле околу 5.400 бегалци. Ги дочекува Црвениот крст и им обезбедува храна, вода и потребна помош. Во наредните денови се очекуваат уште 4.000 бегалци. Тие ќе бидат сместени во центри во Јежево, Кутина, Сисак и Товарник. Уште еден воз утрово од Товарник стигнал во Дуго Село, од каде ќе бидат префрлени во Регистрацискиот центар во Јежево, јави Хрватската радио-телевизија.

Министерот за внатрешни работи Рајко Остојиќ синоќа во Товарник изјави дека хрватската полиција има целосна контрола над хрватската граница, но доколку мигрантите продолжат да пристигнуваат во поголем број Хрватска ќе мора да размисли за сосема поинакво однесување.

Премиерот Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска е целосно подготвена за прифаќање на бегалците и дека никој нема да ги спречи да одат таму каде што сакаат.

Шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ порача дека Хрватска може да се носи со „неколку илјади азиланти, но дека не е подготвена за десетици илјади“, јави ХРТ.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ги потсети во телефонски разговор своите колеги од Хрватска и Словенија дека тие две земји се обврзани, во врска со бегалската криза, да ги спроведуваат прописите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами