Попоски: Кризата во Грција го направи покомплицирано решавање на спорот меѓу двете држави

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Попски вели дека актуелната криза во Грција ги направила многу покомплицирано прашањето за решавање на спорот помеѓу двете држави.

Тој ја обвини Атина за пронаоѓање изговори за блокада на Скопје.

„Многумина мислат дека кризата во Грција за нас е предност, но таа го направи ова прашање уште покомплицирано. Сите политички сили во Грција се фокусирани на кризата. На билатералните прашања, како со Македонија  им посветуваат многу малку енергија“, вели Попоски, во одговорот на прашањето на виенскиот весник „Ди пресе“.

Шефот на македонската дипломатија вели дека не може да се одложува решението додека не дојдат подобри времиња, укажувајќи на тоа дека проблемот одеднаш „испливал“ на почетокот на 90-тите.

„Грција тврди дека независна Македонија претставува опасност за нејзината безбедност и територијален интегритет. Денеска, 20 години подоцна, уште појасно од тогаш се покажува дека тоа е глупост“, реле Попоски, додавајќи дека многу Македонци ги поминуваат одморите во Грција, а грчките инвеститори вложуваат во Македонија.

Говорејќи за ЕУ, Попски тврди дека поддршката за членство на Македонија во Унијата никогаш не паднала под 85%.

Според него граѓаните ја изгубиле илузијата дека членството во ЕУ е гаранција за благосостојба на сите поединци, но сепак степенот на поддршка и понатаму е ист, затоа што од македонска перспектива Европа и понатаму останува повеќе од само економска димензија.

Меѓутоа тој исто така рече, дека Македонците ја изгубиле довербата во европските институции, затоа што Европската комисија три години по ред говори дека Македонија е подготвена за почеток на преговорите.

„Тогаш е тешко на граѓаните да им се објасни дека една единствена земја членка – Грција може да ги блокира преговорите“, укажува Попоски.

Тој оцени дека станало покомплицирано да се пристапи кон ЕУ, бидејќи Унијата станала многу претпазлива, поради лошото раководење со претходните проширувања, по кои што следеше економската криза.

Шефот на македонската дипломатија укажа дека поедини држави кои не се во ЕУ имаат подобри перформанси од поедини членки.

„Нашиот степен на задолженост е еден од најниските во Европа. Имаме голем проблем со невработеноста, но се обидуваме да го решиме преку промоција на Македонија како добра дестинација за инвестиции“, додаде Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална