Промовирана лабораторија за ин витро и замрзнување на полови клетки на Клиниката за гинекологија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски денеска присуствуваа на промоцијата на лабораторија за ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Инвестицијата за лабораторијата, како владин проект преку Министерството за образование, изнесува околу 15 милиони денари.

– Лабораторијата веќе се користи и дава добри резултати. Лекарите ни појаснија кои се начините, како ја користат и сите бенефити од неа. Се радувам што она што го ветувавме претходно на изборите и во нашата програма сега веќе се користи, ставено е во употреба. Стотици граѓани го користат, некои со успех, а некои и понатаму очекувааат успех, изјави по посетата на лабораторијата премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза