Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола денеска во пелагониското село Кукуречани презентира демонстративен опит -комбинирана заштита на пиперката со употреба на нов природен, еколошки, минерален препарат од групата на зеолит – Зеофит форте.
Како што беше речено, опитот почнал со реализација во јули годинава и е во завршна фаза, а резултатите се позитивни.
– Позитивните резултати се повеќе од евидентни. Растенијата се здрави и поотпорни на болести и штетници со што се намали и аплицирањето пестициди при редовната заштита. Приносот е зголемен, вегетацискиот период е скратен, а плодот е здрав и крупен. Многу е битно што трулежот на плодовите е сведен на минимум, со што се зголемува економската вредност на пиперката, истакнаа од АПРЗ.