ОМ: Очекуваме процесот со Бошковски да биде повторно разгледан

Од:

Обединети за Македонија го поздравуваат изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител:

Изразуваме голема надеж дека со денешната нејзина свечена изјава ќе се отвори нова страница во македонската историја и дека конечно ќе профункционира правната држава.

Чврсто сме убедени дека нема да потклекне на ниту еден притисок, ако се земе предвид опкружувањето во кое ќе работи.

Најискрено очекуваме обвиненија против најголемите виновници кои не доведоа до овој степен, со посредници да го средуваме правниот систем во државата. Тоа е долг и тежок процес, кој ние го поддржуваме.

Очекуваме и процесот со нашиот лидер Љубе Бошковски да биде повторно разгледан, со оглед на фактот дека се работи за политички монтиран случај и тема која е во повеќе наврати спомнувана во т.н. бомби за вистината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска