Американската амбасада во Манила „напдната“ со нацртани бомби

Од:

Неколку илјади Филипинци од повеќе градови во државата денеска од раните утрински часови го блокиаа влезот на американската амбасада во Манила, протестирајќи поради зголеменото воено присуство на САД на Филипините и во регионот. Учесниците на демонстрациите покрај транспарентите со традиционалната порака „Јенки го хоум“ со нацртани бомби ја „нападнаа“ амбасадата.

Единствено насилство за време на протестот се случило кога со некаков тврд предмет било искршено предното стакло на едно полициско возило. Поради овој инцидент полицијата привела шестмина од демонстрантите.

Локалните медиуми овој протестен собир пред амбасадата на САД во Манила го оценија и како симболичен почеток на кампањата за претседателските избори, што на Филипините ќе се одржат идната година. Се смета дека главната политичка борба на ривалите за влез во претседателската палата Малаканањ ќе биде прашањето на потребата и значењето на воената соработка меѓу Манила и Вашингтон, зајакната и проширена со договор меѓу двете држави во почетокот на оваа година. Овој договор предвидува речиси неограничен пристап на американската војска во сите воени бази на Филипините. Договорот се доведува во врска со затегнатоста во регионот поради споровите околу сувереноста над Јужното Кинеско Море и желбата на САД да ја поврати својата присутност на подрачјето на западниот Пацифик.

Демонстрациите се совпаднаа и со 24-годишнината од одлуката на Филипините да го раскинат договорот според кои армијата на САД ги користеше воздухопловната база „Кларк“ и поморската „Сјубик беј“, кои беа најголеми воени инсталации на САД вон нивната територија. Враќањето на американските сили на Филипините започна пред четири години, формално поради помош за сузбивање на муслиманските бунтовници што дејствуваат на југот на филипинскиот архипелаг, кој се граничи со Малезија.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски