Само 367 мигранти илегално преминале во Унгарија во текот на вчерашниот ден и сите се уапсени и против нив е во тек судска постапка согласно новиот закон, соопшти унгарската полиција.
Од нив, 316 се обвинети за оштетување на оградата на унгарско-српска граница, а 51 само за илегално преминување. Тие се соочуваат со казни од пет и три години.
Во понеделникот, во пресрет на стапувањето во сила на новиот унгарски закон, рекорден број од 9.380 мигранти влегле во земјата, објави унгарскта полиција.