Државниот архив на Република Македонија денеска ќе биде домаќин на состанок на Советот на проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.
Проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ треба да овозможи подобра и побрза реализација на имплементацијата на Анексот Д од Договорот за сукцесија. На состанокот меѓу другото ќе се разгледуваат можностите за аплицирање за добивање финансиски средства од фондовите на Европската Унија
Покрај директорот на македонскиот архив, на состанокот во Скопје ќе учествуваат и директорите на државните архиви од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Архивот на Југославија (поранешен Архив на СФРЈ), Дипломатскиот архив при Министерството за надворешни работи на Република Србија и Воениот архив при Министерството за одбрана на Република Србија.