Со новите 1.870, издадени вкупно 77.674 потврди за барање азил

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.870 странски државјани, од кои 1.264  се од машки пол, 242 се од женски, 292 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 72 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.393, од Авганистан 212, Ирак 150додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 15.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 77.674 странски државјани, од кои 51.898 се од машки пол, 10.670 се од женски, 12.807 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.299 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се посочува во соопштението, најбројни се државјаните на Сирија 62.898, потоа Авганистан 5.099, Ирак 3.694, од Пакистан 2.086, Палестина 901, Сомалија 592, Бангладеж 516, Конго 328, од Иран 274, Нигерија 211, Камерун 163, Еритреја 154, Етиопија 118, Судан 108, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 14.09.2015 до 15.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 15.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. При тоа, 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.09.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он