Полицијата во Лајпциг со солзавец го растури антиисламскиот протест на Пегида

Од:

Полицијата во Лајпциг синоќа со солзавец и гумени палки го растури редовниот неделен протест на антиисламската организација Пегида (Патриотски Европејци против исламизација на Западот), на кој учествуваа околу 500 лица, пренесе ДПА.

Дел од демонстрантите на почетокот на протестот беа маскирани и изјавуваа дека се фудбалски фанови. Тие фрлаа шишиња против полицајците и нивните автомобили. Полицијата одговори со солзавец и палки и потоа го растури антиисламскиот протест.

Околу илјада контрадемонстранти се собраа, исто така, во Лајпциг за да го изразат своето несогласување со протестот на Пегида. Некои од учесниците на контрапротестот, исто така, предизвикаа судири со полицијата, а ја пробија и нејзината ограда и прогласија штрајк со седење.

Полицајците и нив ги растурија со водени топови, додаде ДПА.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија