Србија се закани: Ако треба и војска ќе распоредиме, од Унгарија нема враќање на бегалците

Од:

Србија ќе ги прима назад луѓето на кои се однесува реадмисијата, но тоа да не се однесува на најголемиот дел бегалци кои илегално преминале од Србија во Унгарија. Ова вечерва го изјави државниот секретар во Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања Ненад Иванишевиќ.

-Ние никого нема да примиме. Се знае што е реадмисија. И според реадмисија ќе ги примаме луѓето кои ги опфаќа. Сите што преминаа во Унгарија, нема да ги примаме назад, по цена ако треба Србија и војската да ја испрати на граница. Нема да го прифатиме тој број на луѓе кои се враќаат од Унгарија. Тоа од денеска е наш став, и би било добро сите да го знаат, рече Иванишевиќ.

Тој прецизираше дека спогодбата за реадмисија јасно прецизира како се спроведува по меѓународното право.
-Се врши со утврдување на потеклото на земјата од каде пристигнале и пред се земјата чии државјанства имаат. Значи, доколку сакаат да ги вратат бегалците, ќе мора да ги вратат во Грција. Тоа е првата земја на влез во Европската Унија, рече тој.

Прашан како Србија ќе спречи враќање на бегалците, Иванишевиќ рече дека ако треба, државата ќе ги преземе сите мерки тоа што треба да ги преземе.
Унгарија од вечерва е целосно блокирана на границата со Србија со намера да спречи влез на бегалците на нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он