Утре граѓански собир – Обвинителе многу работа те чека!

Од:

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите граѓани и граѓанки, утре, 15 септември, во 18 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија, за да му дадат поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно да му ги соопштат нивните очекувања! Мотото на јавниот собир гласи: Обвинителе многу работа те чека!

„Ние, граѓаните на Република Македонија целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и демократија.

Ова треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител.
Непоколебливо и цврсто ќе ја поддржиме неговата работа, зашто очекуваме премиерот во оставка и неговите соработници, што побрзо да се најдат на обвинителна клупа и да одговараат за сите криминали и злосторства направени во изминатите девет години.

Очекуваме специјалниот јавен обвинител и неговиот тим, да работат целосно независно, професионално, компетентно и ефикасно и да ги процесираат во најкус можен рок криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Оваа власт мора да одговара за своите криминали и злосторства и тоа претставува врвен национален интерес!
НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!“, стои во јавниот повик за граѓанскиот собир.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза