Словачка ја зајакнува контролата на границата со Австрија и Унгарија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи за таа земја.
– По најавата на Германија дека воведува привремени контроли на границата со Австрија, Словачка почна привремени контроли на граничните премини со Унгарија и Австрија, изјави потпаролката на МВР, Михаела Пауленова.
– Со оглед на вонредната ситуација и приливот мигранти словачката полиција го зајакна присуствотото на границите, по што се распоредени дополнителни 220 полицајци, рече таа.