(ВИДЕО) СДСМ: Отвораме јавна расправа за поголема минимална плата и помош на фирмите

Од:

„Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери продолжува да работи како што ветивме. Нашата цел е што побрзо решавање на најгорливите општествени проблеми, со широка граѓанска поддршка на решенијата што ќе инсистираме да бидат прифатени во Парламентот.

До Собранието на Република Македонија поднесовме измени на закон со коишто бараме зголемување на износот на минимална плата. Бараме тој износ да биде 11.000 денари и што е најважно тој износ да важи за сите, веднаш. Бараме тој износ веднаш да важи за вработените во текстилната, кожарската индустрија и во индустријата за производство на облека“, рече на денешната прес конференција, Јован Митрески, пратеник.

„Истовремено, за да не се доведе во прашање работењето, за да не дојде до отпуштање вработени, туку напротив, за да се отворат нови работни места, предлагаме финансиска помош за фирмите. Финансиската помош ќе ја чини државата помалку отколку што чини, на пример, Панорамското тркало, така што тука простор за оправдување или одбивање на предлогот од страна на власта нема.

Воедно, ги повикуваме сите здруженија на граѓани, синдикати, комори и други заинтересирани страни да земат активно учество во периодот што следи. Ве повикуваме да се вклучите во јавната дебата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика која ќе се одржи на 21.09.2015 година на тема потребата од зголемување на минималната плата и финансиската помош за фирмите.

Предложените решенија од страна на опозицијата се можност државата да им излезе во пресрет на најзасегнатите граѓани од сиромаштијата, којашто се шири со галопирачки чекори.

Законските измени што ги предлагаме се во насока на нашите заложби за враќање на средната класа, што ќе биде во интерес на сите граѓани во Република Македонија“, изјави Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија