Во текот на изминатите 24 часа во Унгарија од српската страна на границата влегле повеќе од 4.000 бегалци, што е нов рекорд, објави денеска британски Би-Би-Си.
Овие 4.000 бегалци по влезот во Унгарија се насочени кон една ледина, каде се наоѓаат големи шатори, вклучувајќи ги и шаторите кои и припаѓаат на агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јави дописникот на Би-Би-Си од Сегедин, Ник Торп.
Тој наведе и дека во бегалскиот камп во местото Реске конечно е завршено поставувањето на инфраструктурата за прифат и сместување на бегалците.
На интернет вчера се појави снимка на која се гледа како во овој камп на бегалците храната им се фрла а не им се дели, па унгарските власти беа изложени на критики дека луѓето ги третира како животни.
Изградбата на четири метри високата ограда меѓу Унгарија и Србија, која ја градат унгарски војници, наскоро ќе биде завршена, а на 15 септемви во Унгарија во сила ќе влезе законот според кој илегалните преминувања на границата ќе биде третирано како кривично дело.
Според Би-Би-Си, никој не знае што ќе се случи во вторник, кога почнува примената на новите построги унгарски закони за миграција.
Од почетокот на годината во Унгарија влегле 175.000 бегалци.