Паралелни демонстрации во Прага: Едните за отворена Европа, другите против бегалците

Од:

На иста локација, во центарот на Прага, денеска демонстрираат две различни групи на луѓе, едните се за отворена Европа, против расизмот и ксенофобијата, другите против имигрантите, за сочувување на сопствената култура и безбедност.

-Време е да истапиме против смртоносните граници, кои беа поставени во наше име. Ќе ја изразиме нашата солидарност со луѓето кои за да го сочуваат својот живот бегаат пред војните, насилството и сиромаштијата, пишуваат на социјалните мрежи поддржувачите на Протестот за поддршка на бегалците.

Според организаторите, протестот се солидаризира со акциите за поддршка кои се организираат во цела Европа, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

На исто место се одржуваат и демонстрации со наслов „За нашата култура и безбедна земја“, чии учесници сакаат да го изразат својот став против исламот, бегалците и Европската унија (ЕУ).

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница