Треба да сме реалисти за ситуацијата во Сирија

Од:

Фајненшел тајмс – Лондон

Западот треба да му помогне на сунитското мнозинство како против режимот на Асад, така и против Исламска држава

Меѓу сте покажувања со прст и бркотницата околу бегалската криза, се наметнуваат страдањата и напливот на исламофобија кон илјадинците Сиријци кои очајно си прават пат кон Европа, но всушност се обрнува многу малку внимание на сириската политика и очигледните пропусти со кои таа придонесе за сегашната криза.

Покрај обновените осуди од Лондон до Анкара за мешање во Сирија, не е јасно што е целта. Додека Исламска држава го закрепува својот трансграничен калифат, кај силите против ИД, суштината е трагично помала од цената на подвижните делови. По осмислена политика треба да најде начини да му се помогне на сунитското мнозинство во Сирија – на терен и против неговите мачители: режимот на Башар Асад и сунитските џихадисти од ИД. Моралниот императив нема потреба од објаснувања, но стратешката цел е сунитското јавно мислење да се насочи против ИД.

Важно е да се тргнеме од штетното размислување дека единствениот начин да се води борба со ИД е да се тргне Асад од власт. Тоа е спротивна слика на безнадежниот избор пред кој се исправени милиони Сиријци, фатени во стапицата помеѓу касетните бомби на режимот и варварското дивеење на ИД. Асад користи тотална и религиозна војна за да создаде услови преку кои ќе биде признат како единствена алтернатива на џихадизмот. Тој е другата страна на монетата на калифатот, кои неговите сили не ја дофаќаат. Зацврстувањето на тој цинизам доведе до 300.000 загинати и најмалку шест милиони (регистрирани и неофицијални) бегалци, и тоа само ќе ја влоши кризата. Но што друго може да се стори?

Прво, може да се направи многу повеќе за да им се помогне на раселените Сиријци на територијата на Сирија и надвор од границите на земјата. Помошта од агенциите на ОН беше намалена, а потоа и повторно намалена, исто како и бројот на болници. Овие кратења и очајот се нештата кои ја потхрануваат ИД и придонесуваат за бегањето кон Европа. Во долината Бека во Либан, на границата со Сирија, има неколклу училишта за бегалци кои се мобилни и можат да возат и назад дома – што дава извесно чувсвтво на достоинство за трауматизираните деца, заедно со тивката порака дека тие еден ден ќе се вратат дома. Задржувањето на Сиријците на нивните огништа е од животна важност за било која иднина која може да ја има таа земја.

Второ, може да се направи повеќе за заштитата на цивилите кои се подложени на бомбардирањата на Асад по пазари, болници и училишта – во бунтовничките региони, но не и на територијата на ИД. САД и сојузниците сигурно би можеле да се справат со хеликоптерите кои носат касетни бомби, особено откако сега можат да ги користат блиските турски воздухопловни бази.

Сериозната намера на Западот да се помогне и да заштити на тој начин може да го олесни и третиот и најтежок дел во една усогласена стратегија – договор за преод кон излез од војната.

Фактичката поделба на Сирија (и на Ирак) исто покажува дека колку и да е ИД силна во сунитските региони, таа е одбивана кога се обидува да навлезе на територијата на шиити или курди, кои сметаат дека протерувањето на ИД од сунитските земји е работа на сунитите. Ако се земе во предвид дека и во Сирија и во Ирак армијата е скоро распадната, како и застрашувачкиот влез на поддржани од Иран шиитски милиции во изминатите две недели, сунитските племенски борци во Ирак и сириските бунтовници кои се борат против ИД и Асад имаат потреба од повеќе поддршка.

Убедување разочараните сунити да се откажат од екстремизмот всушност треба да значи преод без Асад и обединување на најмалку компромитираните елементи од сириската држава со опозицијата и бунтивниците. Дали сојузниците на режимот, Русија и Иран, некогаш би го прифатиле тоа? ИД ги тревожи Иран по неговата западна граница и Русија во Северен Кавказ. Западот треба да го искористи тој момент на општа закана.

Остатокот на режимот на Асад, кој се собра на едвај една четвртина од сириската територија, сега преживува благодарение на Иран. Но по неодамна склучениот атомски договор, Иран не може да ја добие легитимноста кон која се стреми во еден првенствено сунистки и арапски регион со поддршката на режимот на Асад. Сака ли Техеран целосна контрола над енклави или пореално влијание во Сирија, со кое нејзините соседи ќе можат да сожителствуваат? Со уривањето на режимот на Асад, Иран треба да донесе одлука за тоа.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад