Сноуден номиниран за наградата „Сахаров“

Од:

Поранешниот соработник на американската агенција НСА Едвард Сноуден е меѓу десетте личности и организации кои се номинирани за престижната награда „Сахаров“, што се доделува на активисти за човекови права, соопшти денеска Европскиот парламент.

Сноуден, кој го откри скандалот со масовното следење на комуникациите од американските и британски разузнавачки агенци, моментално има азил во Русија. Освен него, номинирани се и Антоан Делтур и Стефани Жибо, кои го открија скандалот со меѓународните корпорации што избегнуваат данок преку филијали во Луксембург и швајцарската банка УБС.

Меѓу номинираните е и рускиот опозиционер Борси Немцов, кој пред половина година беше убиен во Москва и Наѓа Шавченко, украинска пилотка, на која и се суди во Русија за убиство на двајца руски новинари во воздушен напад во Украина.

Останати номинирани се Раиф Бадави, саудиски блогер кој поради навреда на исламската вера е осуден на десет години затвор, Една Адан Исмаили, сомалијка која води кампања против генитално казнување на жени и венецуелската опозициска група „Обединета демократија“.

Тројца кандидати од оваа листа ќе влезат во потесен избор, а конечна одлука ќе донесат шефовите на парламентарните групи во ЕП кон крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска