„Либералната партија реагира на последните изјави на Претседателот на Владата на РМ во врска со воведувањето на канабисотво медицински цели во Македонија. Имено, Претседателот на Владата неодамна објави дека легализирањето на канабисот може да има долгорочни негативни последици на здравјето на луѓето. Потоа, откако заклучува дека е штетно по здравјето, контрадикторно укажува дека употребата на канабисот треба да се испита од разни агли и од различни експерти. Со ваквите изјави, Премиерот се стави над стручното мислење во Македонија и го насочи исходот од ваквите испитувања и анализи.
За поголемиот број на граѓани, ризичен стрес и нервоза се создава како ќе се враќаат парите од безмилосните позајмици на државата за трошење на непродуктивни и кич работи. Ако е загрижен за здравјето на граѓаните, Премиерот треба да ги стопира сите планови и активности околу Панорамското тркало, новиот објект Мајка Тереза, и сите други градби кои не придонесуваат за подобрување на состојбатаво државата, ниту пак на здравјето на граѓаните.
Дали канабисот ќе биде легализиран и декриминализиран или не, укажуваме дека во пракса луѓето се приморани да го набавуваат по илегални канали за да може да се лекуваат од различни болести. Нашите сознанија наведуваат дека еден пакет од канабис на црниот пазар чини околу 700 евра, а од овој септември цената се очекува да достигне до 1000 евра. Го прашуваме Премиерот: дали е запознат со овие појави? Кои се луѓето што го дистрибиураат канабисот во Македонија и дали се заштитени од власта и дали истите ќе изгубат лукративен бизнис од нелегално дистрибуирање на канабис?Дали Премиерот е запознат дека луѓе во неговата поблиска средина го користат канабисот редовно? Со ваквите свои изјави, Премиерот несвесно придонесува вештачки да се зголемува цената на канабисот со што им оневозможува на граѓаните помасовно да ги користат лековитите својства на ова растение.
Канабис може да се користи во Холандија, Чешка и Португалија од земјите членки на ЕУ, како и во повеќе сојузни држави во САД.Според статистичките анализи во Колорадо од САД, за само една година има повеќе позитивни ефекти од легализацијата на канабисот и тоа:
Десетици илјади луѓе не се затворени заради поседување на канабис
40 милиони долари се собрани во буџетот од даноци поврзани со канабисот
8 милиони долари се искористени за едукација младите и нивна превенција од користење на дроги
Собраќајните незгоди се намалиле за 3%
Насилствата се намалиле за 2,2%
За 8,9% е намален криминалот поврзан со имоти во Денвер
Наместо да се даваат паушални оценки од Премиерот, потребно е да се создадат законски услови канабисот да најде место во здравствената медицина како и во специјализирани продавници на производи кои содржат канабис. Ако оваа власт не е способна да прави активности и анализи за здравјето на луѓето, Либералната партија стои на располагање со стручни анализи и дебати за да се објасни процесот на легализирање и декриминализирање на канабисот во Македонија“, се вели во соопштението на Либералната Партија.