Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов денеска до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски достави предлог Извештајот за посебни истражни мерки за 2014 година на Јавното обвинителство, да биде разгледан на наредната собраниска седница.
Трајанов смета дека се работи за Извештај за кој има огромен интерес кај граѓаните, посебно од аспект на примената на посебните истражни мерки, можното кршење на човековите права и сл., соопшти ДС.