Филипински суд донесе пресуда според која муслиманската милитантна група Абу Сајаф се прогласува за терористичка.
Ставајќи ја во оваа категорија, групата, која се смета за огранок на Ал Каеда на Филипините и во Малезија, судот дозволува на членовите на Абу Сајаф и нивните поддржувачи да им се контролираат приливите на финансиски средства, а армијата и полицијата фатените терористи ќе можат да ги чуваат во притвор и без судски начог.
Абу Сајаф, што значи „чувари на сабјата“, тврди дека има над 500 борци под оружје. Поголем дел од финансирањето, движењето го обезбедува со киднапирања и големи откупи за богати Филипинци и странци.
Групата како политичко движење е формирана во 1991 година и е најголем пропагатор на идеите на Исламската Држава во југоисточна Азија. Од лани Абу Сајаф најавува формирање „исламски калифат“ во граничното подрачје меѓу Филипините и Малезија.