Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи на кое се гледа каков третман имаат бегалците во главниот камп во Унгарија на границата со Србија.
На снимата се гледа ккао полицајците им фрлаат храна како на затворени животни.
Видеото кое тајно со снимил австриски волонтер покажува прикажува како околу 150 луѓе со сета сила се тргаат за сенвичите кои унагарските полицајци со хигиенски маски на нив им ги фрлаат во оградениот простор.
Во масата имаше жени и деца, додека гладните луѓе избезумени се обидуваа да фатат од лебот кој леташе во воздухот.
Некои кои беа подалеку за да дојдат до храна се качуваа на ограда, викајќи и молејќи по полицајците да им дадат храна.
-Како да хранат животни, како Гвантенамо во Европа, кажа Австриецот Александер Шприцендофрер кој синоќа доцна на Јутјуб ја објави снимката што почна со огромна брзина да се шири низ светот.
Вискокиот комесаријат за бегалци ги критикуваше суровите услови во кампот во Унгарија кај Реска, а земјите на ЕУ веќе имаат сериозно критички став за унгарската владеачка гарнитура и нејзиниот нехуман однос кон бегалците.