Во чешкиот главен град Прага денеска ќе се оджри средба на шефовите на дипломатиите на Чешка, Германија, Луксембург, Полска, Словачка и Унгарија, посветена на проблемите со напливот на бегалци во Европа.
Како што соопшти Министертсвото за надворешни работи на Чешка, средбата треба да придонесе за „подобро меѓусебно разбирање меѓу членките на ЕУ“ во услови на различни ставови во врска со начините за решавање на бегалската криза.
Источноевропските змеји-членки на ЕУ се најголеми противници на политиката на распределба на имигрантите низ европските држави според квоти како што предлага Еврокомисијата.
Планот на Европската комисија за прераспределба на 160.000 бегалци што во моментов се наоѓаат во Италија, Грција и Унгарија меѓу сите 28 земји-членки на ЕУ, вчера со големо мнозинство беше поддржан од членовите на Европскиот парламент.