Британскиот филмски режисер Тони Скот, познат по филмовите „Топ ган“, „Денови на грмотевицата“, „Полицаецот од Беверли Хилс“, имал трагови на антидепресиви и таблети за спиење во телото кога на крајот на август изврши самоубиство, соопшти Канцеларијата на судскиот патолог во Лос Анџелес.
Во извештајот се наведува дека славниот режисер не боледувал од каква било тешка болест, па ниту од рак, како што шпекулираа некои медиуми.
Холивуд беше запрепастен кога 68-годишниот Скот се самоуби, фрлајќи се од мост над пристанишето во Лос Анџелес.