Издадени 68.784 потврди на мигранти со намера за барање азил

Од:

Уште 1.830 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на странски државјани од осум часот вчера изутрина до осум часот изутрина.  Таков документ од 19 јуни годинава досега е издаден на 68.784 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според МВР,  во изминатото деноноќие до Одделението  за азил не се поднесени  барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Досега се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Триесет и шест барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од кои четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски