Митев: Како за прислушуваните материјали, судот да донесе одлука и за снимката на дадилката

Од:

Адвокатот Ванчо Митев денеска ќе поднесе жалба на решението за притвор на дадилката, а веќе е отстранета видео снимката од социјалните мрежи. Тој за А1он вели дека снимката е незаконски стекната и како таква не е никаков доказ.

– Од синоќа во 19 часот ми тече рокот за жалба, барам издвојување на снимката како доказ и судијата е должен тоа го направи исто како што се случи со прислушуваните материјали. Снимката во овој случај не е резултат на посебни истражни мерки и никако не може да послужи како доказ, вели Ванчо Митев, адвокат на дадилката.

Дадилката беше уапсена и заврши во притвор откако родителите ја снимале со камера која ја поставиле откако се посомневале дека го малтретира нивното деветмесечно бебе.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина