Поранешниот француски претседател Никола Саркози смета дека е неопходно да се привлече Русија кон борбата против Исламска држава (ИД).
– Западот си дозволи сериозна грешка, создавајќи услови за нова студена војна со Русија. Таа ни е потребна за сириското прашање и за борбата против ИД, истакна Саркози во интервју за весникот „Фигаро“.
Тој ја повика Русија да покаже добра волја и да и помогне на меѓународната заедница за справување со конфликтот во Сирија и во борбата против џихадистите.