Нов телефонски разговор меѓу Кери и Лавров за руското воени присуство во Сирија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, денеска повторно разговараа по телефон, поради американската загриженост за зголеменото руско воено присуство во Сирија, јави ТАСС.

Лавров се заложил за започнување на дијалог меѓу сириските власти и опозицијата и ја истакнал неопходноста од консолидирање на борбата против терористичките групи во земјата, опасност со која во моментот се справува редовната сириска армија, се наведува во соопштение на руското министерство за надворешни работи.

Телефонскиот разговор бил на американска иницијатива.

Претходно САД објавија дека ги проверуваат информациите за зголемувањето на руското воено присуство во Сирија.

Во саботата, Кери и Лавров, по првпат телефонски разговораа за наводите за руско воено присуство во Сирија.

Русија, која е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, се залага за формирање на воена коалиција против џихадистичката група ИД во која ќе бидат вклучени редовната сириска армија, Турција и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала