ВИДЕО: „Ролс Ројс“ го претстави „Дон“ кабриолет

Од:

Ролс Ројс официјално го претстави својот нов супер луксузен „Дoн“ кабриолет, што ќе дебитира на Саемот во Франкфурт идната недела.

Ролс Ројс Дон 2

Името на моделот Ролс-Ројс првпат го користи за „Силвер Дон“ (Сребрена Зора) од 1949 година. Тоа е првиот Ролс-Ројс со каросерија од нивната фабрика, а само 28 примероци од него биле во кабриолет изведба.

Новиот „Дон“ во продажба се очекува да се најде од идната година.

Ролс Ројс Дон 3

„Дон“, претставува кабриолет верзија на купето „Врајт“, кој пак е „Гоуст“ седан без задни врати. Сепак, благодарение на дискретните измени на каросеријата и ентериерот „Дон“ има сопствен карактер.

Ролс Ројс Дон 4

Ролс Ројс тврди дека бучавата во кабината со отворен покрив е иста како и во моделот „Врајт“ купе, а отворањето и затворањето на покривот трае 20 секунди при брзина до 48 километри на час.

Ролс Ројс Дон 5

Луксузниот кабриолет е придвижуван од твин-турбо 6,6 литарски В12 мотор од „Врајт“ со моќност од 563 коњски сили, што се пренесува со помош на осумстепен автоматски менувач.

Цените се уште не се официјално објавени, но се очекува дека почетниот модел ќе чини околу 290.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска