Ел-Џи претстави двостран брановиден ОЛЕД екран

Од:

Еден од најнеобичните уреди претставени на Саемот ИФА во Берлин е телевизорот Ел-Џи со двостран брановиден ОЛЕД екран.

Закривениот екран од 111 инчи во дијагонала е резултат на комбинирање на три 65-инчни Ултра ХД ОЛЕД екрани, технологија наречена „вертикал тилинг“.

– Живееме во ера на екрани. Преку нив споделуваме онформации и комуницираме, гледаме во иднината и сонуваме за неа. Сакаме ОЛЕД да биде револуција што ја носи иднината во која сите сакаме да живееме, се наведува во соопштението на компанијата Ел-Џи.

Ел-Џи веќе користи ОЛЕД технологија за своите ТВ уреди со закривени екрани, од кои некои со само еден допир менуваат форма од рамен во закривен и обратно.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска