Издадени нови 1.296 потврди за намера за барање азил

Од:

Во периодот од 08,00 часот на 08.09.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.296 странски државјани, од кои 773  се од машки пол, 173  се од женски, 283 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 67 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.104,  Авганистан од 108, Ирак од 34, Палестина 19, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 66.954 странски државјани, од кои 45.136 се од машки пол, 9.204 се од женски, 10.849 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.765 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 54.541, потоа од Авганистан 3.720, Ирак 3.125, од Пакистан 1.908, Палестина 806, од Сомалија 577, Бангладеж 474, од Конго 324, Нигерија 207, Камерун 160, од Еритреја 146, Етиопија 117, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 08.09.2015 до 09.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 09.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.09.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски игралишта

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ