Заложничка криза во затвор во Франција

Од:

Еден „многу опасен“ затвореник, за кој се смета дека е вооружен, денеска го задржа како заложник заменик-директорот на еден затвор во северниот дел на Франција, соопштија француксите власти.

Инцидентот се случил околку 11 часот во изолираниот дел на затворот „Вендан ле Виеј“ во француксиот регион Па де Кале.

Во соопштението на француксите власти се наведува дека во затворот пристигнале припадници на специјалната полициска единица, со цел „да преговараат со киднаперот, кој најверојатно е вооружен, а по потреба и да интервенираат“.

Засега нема инфомации за мотивите на затвореникот за ваквата постапка, како ни дали тој има некакви барања за ослободување на заложникот.

Вендан ле Виеј е затвор со висок степен на безбедност, кој е пуштен во употреба лани во септември.

Според француското Министертво за правда, во оваа затворска установа се сместени затвореници кои се осудени на долги казни затвор, поради што објектот може да се пофали со „високо софиситицирани безбендосни карактеристики“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата