Поради бомбашкиот напад во Бангкок, Тајланд за еден месец со 1,33 милиони помалку туристи

Од:

Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска нареди на осомничените извршители на нападот во храмот Ераван во Бангкок, при што загинаа 20, а беа ранети над 100 лица, да им суди цивилен криминален, а не воен суд.

Генералот Прајут ваквата одлука ја донел поради тоа судењето да биде прифатено и од меѓународната заедници, бидејки станува збор за судски процес од големо значење во борбата против растечкиот бран на тероризам во светот.

Досега за подготовка на бомбашкиот напад во Бангкок се осомничени 11 лица, а двајца се уапсени. Едниот од нив е кинески муслимански Ујгур, а вториот има турски пасош за кој официјална Анкара соопшти дека е фалсификуван. Двајцата, се смета, дека работеле во група која подготвувала терористички напади во Тајланд поради одлуката на Банког во Кина да врати 107 Ујгури, на кои ќе им се суди. Преходно, на околу 300 бегалци од тоа племе, Тајланд им дозволи да емигрираат во Турција.

Главниот осомничен, кој бил „мозокот“ на бомбашкиот напад од 17 август, Абу Дустар Абдулрахман со прекар „Изан“, според соопштението на полицијата на еден ден пред терористичкиот напад со авион го напуштил Тајланд и сега најверојатно се крие во Бангладеш. Со помош на Интерпол, врз основа на кажувања на очевидци „Изан“ , кој има кинеско државанство, е лоциран во Бангладеш и неговото апсење се очекува наскоро.

Покрај загубите на човечки животи, подметнатата експлозија во Бангкок предизвика и големи откажувања на веќе договорените тури со странски туристи. Министерството  за туризам денеска објави дека најмалку милион и 330.000 странски туристи ги откажале договорените аранжмани за престој во Тајланд, од што туризмот загубил над 6 милијарди долари.

Тајланд ќе се обиде да ја компензира штетата во туризмот со голема кампања во медиумите во странство, со која ќе ги убедува странците дека нивниот престој ќе биде безбеден. Министерството за туризам смета дека сегашната штета ќе се компензира со поголема посета на странските туристи во периодот октомври-декември годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач