Тајфун, проследен со поројни дождови и силни ветрови, ги погоди денеска централните области на Јапонија, јави ДПА.
Невремето го наруши нормалното одвивање на сообраќајот и предизвика поплави и лизгање на земјиштето, јавија јапонските медиуми.
Властите повикаа десетици илјади локални жители да се евакуираат во три крајбрежни префектури.
Поради бурите беа укинати десетици летови и возови, а над регионот на Токио се регистрирани поројни дождови.
Метеоролошките служби предупредија за опасност од лизгање на земјиште, високи бранови и излевање на реки во источниот и централниот дел на Јапонија.
Во девет часот изутрината по локално време 18. тајфун во оваа сезона беше на околу 40 километри од градот Тојохаши и се движеше кон север со брзина од 30 километри на час. Тојохаши се наоѓа на крајбрежјето и на околу 280 километри западно од Токио.