Затвореник во бегство, осомничен за обид за кражба во менувачницата во Велес

Од:

СВР-Велес поднесе до надлежното јавно обвинителство кривична пријава против 36 годишен жител од велешкото село Горно Оризари осомничен за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, за „предизвикување на општа опасност“ и „недозволено  изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира на денешната прес-конференција Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Осомничениот синоќа околу 19,15 часот со употреба на огнено оружје автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со маска на лицето влегло во менувачницата на улицата „Благој Ѓорев“ б.б. лоцирана во Трговскиот центар во Велес и на вработениот му вперил пушка и му се заканил да му ги даде парите.

– Вработениот му се спротивставил и почнале да се борат при што сторитеот испукал два куршума во ѕидот.Борбата продолжила и надвор од менувачницата при што сторителот испукал уште два куршума кои завршиле во гума на паркиран  патнички автомобил од спротивната страна на улицата,додека другиот куршум завршил во ѕид кој се наоѓа пред менувачницата, појасни Стојковска.

Како што информира портпаролот Стојковска, осомничениот лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Велес за понатамошна постапка.

Инаку, осомниченото лице е во бегство од затворот во Штип, каде извршувал 15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела.

– Се работи на утврдување на евентуалната инволвираност на осомничениот  во други вакви и слични кривични дела, информира портпаролот Стојковска.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он