Груевски: Легализацијата на марихуаната не треба да се прифати, има лоши последици

Од:

Општата легализацијата на марихуаната не треба да се прифати. Тоа би донело до лоши последици долгорочно, е ставот на премиерот Никола Груевски во однос на прашањето за легализација на марихуаната за медицински цели, што го соопшти во обраќањето денеска по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.

– Истовремено, прашањето за увоз и пуштање во употреба со лекарски рецепт на лек, кој е базиран на масло од канабис под строго регулирани услови, треба да биде опсежно проучено и јавно дебатирано, не од политичари или новинари или пак политички аналитичари, туку од лекари специјалисти во областите, фармацевти, доктори на науки и напредни научници исклучиво на стручна база, истакна Груевски.

Потребно е, смета тој, темелно да се проучи затоа што, како што рече, во некои држави во Европа и САД овие лекови се дозволени, а во некои не, и какви се нивните искуства. Дури потоа, истакна премиерот Груевски, може да се завземе став по однос на овој вид медикаменти.

 

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана