Демократскиот сојуз упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
– На денешен ден, пред 24 години, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и сите други граѓани, на референдум се изјаснија за независна, самостојна и суверена Македонија, стои во честитката и се додава дека овој ден не потсетува и силно врзува, да ја чуваме нашата татковина, како завет од генерациите кои дадоа многу жртви за ние и следни генерации да живееме во слободна и демократска држава.