Иран е подготвен да разговара за постигнување мир во Сирија со секоја земја, ако резултатот од преговорите е безбедна и стабилна Сирија со демократска иднина, изјави денеска претседателот Хасан Рохани.
Оваа изјава доаѓа како одговор на новинарско прашање дали Иран би можел да соработува со Саудиска Арабија или со САД на оваа проблематика.
– Ќе седнеме на секоја маса, и со земјите од регионот, и надвор од регионот, истакна Рохани на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател Хајнц Фишер, кој е во посета на Иран.
– Демократијата не е приоритет во моментов во Сирија, каде што треба пред се да се запре крвопролевањето, истакна иранскиот претседател.
– Сега ли е моментот да се дискутира за демократијата во Сирија?, праша Рохани и додаде: Милиони луѓе се расселени, стотици илјади – убиени. Не интересира животот на Сиријците и враќањето на бегалците.
Според него пред да се зборува за опозиција и приврзаници на режимот на претседателот Башар ал Асад, „прво мора да се запрат крвопролевањата, да се воспостави релативна безбедност во Сирија за да можат бегалците да се вратат”.
– Дури тогаш може да се зборува за иднината на Сирија, за демократија и за избори, истакна Рохани.