Општина Струмица го одбележа Денот на независноста на Република Македонија

Од:

Општина Струмица денеска го одбележа 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченостите започнаа пред споменикот на Гоце Делчев со полагање на свежо цвеќе, а за историографијата на празникот зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

1

– Македонскиот времеплов има испишано бројни светли страници во книгата на нашиот опстој и непокор, а колективната меморија на граѓаните на оваа земја памети исклучително значајни датуми од тој времеплов, датуми кои ни даваат за право да знаеме кои сме,  што сме, во чие име се колнеме,  кое знаме го вееме  и на која химна простум стоиме. Од тие датуми со кои премостуваме далечни и блиски временски дистанци,  денес е денот кога со право го глорифицираме  најбележитиот датум од поновата историја на нашата татковина.

3

– Тоа е денот кога Република Македонија, благодарение на волјата на нејзините граѓани се избори за статусот на независна држава. На страницата резервирана за месец септември од нашите календари, бројот осум е напишан со црвена боја, за да си спомнуваме на оној 8. Септември 1991 година кога станавме свои на своето во земја што ја заслужи сопствената самобитност. Но овој ден не ни припаѓа само нам кои го паметиме, прославуваме и чествуваме, ниту на оние кои се родиле во овој безмалку четвртина век. Овој ден им припаѓа на генерации и генерации граѓани на оваа земја кои воопшто и не го дочекаа изгрејсонцето на самостојноста, особено на оние кои оставиле значајни белези на своето постоење, оние кои страдале, војувале и гинеле за ова парче балканска земја и со многу љубов кон родната грутка, силно верувале дека еден ден  сонот ќе им стане јаве.

4

– Овој ден е и ден на Илинденците и Асномците, ден на нашите дедовци и прадедовци, но и ден на сеуште неродените синови и ќерки, внуци и правнуци кои ќе ја љубат Македонија како земја на своите корени, како земја на едно вчера, денес и утре, како земја на аманети кои треба да се исполнат. А главниот аманет отсекогаш бил и ќе остане – Да се чува, негува и надградува татковината, оти без неа секој од нас е никој и ништо, рече Христов.

5

Во чест на независноста на Република Македонија, членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа мал митинг на револуционерна поезија.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење