Досега поднесени 49 барања за признавање право на азил

Од:

Во периодот од 08,00 часот на 07.09.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.136странски државјани, од кои 692 се од машки пол, 174се од женски, 180се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 90 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 942, од Ирак 88, Бангладеш  28, Авганистан 16,  додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 65.658 странски државјани, од кои, 44.363се од машки пол, 9.031 се од женски, 10.566се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.698 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 53.437, потоа Авганистан 3.612, Ирак 3.091, Пакистан 1.886 Палестина 787, Сомалија 577, Бангладеш 474, од Конго 324, од Нигерија 205, Камерун 160, Еритреја 143, Етиопија 109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 07.09.2015 до 08.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски