Еден поп од Зимбабве вели дека планира да се ожени уште два пати, за бројката на неговите жени да достигне до десет.
Исто така овој план, сака да го исполни до ноември, за своите жени да може да ги претстави и во црква.
Мугабе, поп во Апостолската црква од Зимбабве, се женел осум пати, а од сите бракови има вкупно 79 деца!
Всушност, овој маж се појавил пред судот во Зимбабве, кога дошол да пријави дека ќерката му е силувана. Судот заклучил дека неговата изјава е лажна и одлучиле да го уапсат.
Судиите биле вчудоневидени кога мажот изјавил дека планира да се ожени утре два пати, за во црковната церемонија во недела да го следат сите негови десет жени.
„Планирам да имам вкупно десет жени. Тоа морам да го направам до ноември, бидејќи на тој месец сите мои жени ќе ги претставам во црква, сакам да бидат десет“, изјавил Мугабе.