Премиерот Груевски денеска ја отвори новата зграда на Македонското МНР.
„Ние градиме и ќе продолжиме да градиме со целата наша вложена енергија, со нашата желба, со посветена работа. Низ Македонија се издигаат многу столбови на нови објекти, на нови музеи, на нови училишта, на нови стадиони, спортски сали, нови болници, на нови хидроцентрали, нови згради со социјални и комерцијални станови, како и многу други објекти. Столбови на нашата државност, столбови кои ќе останат да сведочат за едно време на изградба на Македонија. Столбови за подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и столбови за сите идни генерации. Градиме за иднината и така ќе продолжиме“, рече во обраќањето премиерот Груевски.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски посочи дека денешниот настан е од историска важност не само за македонската дипломатија, туку и за сите граѓани на Република Македонија.
После 20 години независно постоење, подвлече Попоски, македонската дипломатија се стекнува и со просторни капацитети соодветни за сериозна идна членка во евроатлантските семејства.