ВМРО-ДПМНЕ: Кога се градат објекти на државните институции, СДСМ плаче на глас

Од:

Секогаш кога се градат објекти на државните институции, СДСМ плаче на глас, затоа што најголем дел од државните институции досега беа сместени во објекти кои се сопственост на олигарсите од СДСМ. Државните институции им плаќаа скапи кирии на олигарсите на СДСМ, па сега СДСМ сака да ги заштити приходите на своите олигарси, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ по повод поставување камен темелник на новата административна зграда на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

– Инвестирањето од страната на државата и државните институции значи стимул за градежниот сектор и уште 24 други стопански гранки кои што се директно поврзани со градежниот сектор, кој е моторот на економијата. Инвестирањето од страна на државата во капитални расходи, односно капитални инвестиции, значи зголемување на бројот на вработените и раздвижување на економијата. Многу луѓе добиваат плати и работни места, благодарение на инвестициите на државата во инфраструктура, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека овој објект се гради од средства на самото претпријатие, а не од Буџетот на Република Македонија и тоа е возможно заради тоа што ова претпријатие за разлика од времето на СДСМ, сега работи позитивно.

– За изградба на оваа зграда нема да се потроши ниту денар од државниот Буџет, туку ќе се потрошат пари од тековното работење на претпријатието. Зградата во која сега се наоѓа оваа институција е стара, истрошена и изградена веднаш по земјотресот, од конструкција на бараки и со азбестен покрив. Овие средства ќе влезат во стопанството, а нема да бидат употребени за купување скапи бисери за министерките на СДСМ, се наведува во реакцијата.

Воедно, се додава дека додека СДСМ ништо не градеше и работеше за своите лични интереси и на нивните олигарси, ВМРО-ДПМНЕ градеше при што се изградени 70 училишта, а четити се во фаза на градба, повеќе градинки и над 27 центри за ран детски развој, како и над 1.000 километри регионални и магистрални патишта, а се градат и три автопати одеднаш.

– Провидна е веќе политиката на СДСМ да критикува се што гради Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е прв пат, а сигурно нема да биде ниту последен, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време