Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Тихиот Океан, во близина на Нов Зеланд, соопшти Геолошката служба на САД.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 200 километри југоисточно од брегот на Нов Зеланд, на длабочина од 35 километри под морското дно.