Нова истрага за 43 исчезнати студенти во Мексико

Од:

Мексиканските власти наредија нова истрага за исчезнувањето на 43 студенти, од пред безмалку една година, откако независната Интер-американска комисија за човекови права ги отфрли официјалните заклучоци за случајот.

На 26 септември минатата година, 43 студенти кои допатуваа во градот Игуала за да учествуваат во локалните протести против дискриминацијата при вработувањето, исчезнаа набрзо по пристигнувањето.

Полициската истрага заклучи дека сите студенти биле уапсени, а потоа предадени на една локална нарко банда, чии припадници ги ликвидирале студентите, а нивните тела ги запалиле и ги расфрлале на едно ѓубриште, за да им се загуби трагата.

Истражната комисија, чии седиште е во Вашингтон, која шест месеци водеше свое испитување, не ја прифати официјалната верзија на властите, констатирајќи дека нема докази за ваквата владина верзија, а посебно дека мртвите тела на несреќните студенти биле запалени.

Веднаш по објавувањето на заклучоците на Интер-американаката комисија, државниот обвинител на Мексико, Ајели Гомез соопшти дека нова екипа форнзичари, ќе се врати во реонот каде се верува дека се закопани телата на студентите.

Нивните најблиски и роднините, никогаш не ја прифатија службената верзија за исчезнувањето, обвинувајќи ги властите за прикривање на високи владини функцинери и веројатно луѓе од армијата.

Исчезнувањето на целата група од 43 студенти, се уште ја бранува мексиканската јавност, а масовни протести се одржаа како во сојузната држава каде се верува дека тие се убиени, но и низ целата држава.

Главниот аргумент на независната комисија, против тврдењето дека мртвите тела се изгорени, е заклучокот на еден перуански експерт, член на тимот истражувачи дека една нарко банда не можела да го изврши кремирањето. За една таква операции би им требале 60 часови работа, 13 тони автомобилски гуми, 20 тони дрва и 13 тини дизел гориво, за да се запали голем оган во кој целосно ќе исчезнат посмртните останки од студентите.

Тројца уапсени криминалци, за кои се верува дека се од бандата која се обвинува за убиството, признале во затвор дека тие ги убиле студентите, што им ги предала локалната полиција, по грешка, мислејќи дека се припадници на друга, противничка банда.

Полицијата ги уапси градоначалникот на Игуала и неговата сопруга, како и шефот на полицијата во градот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори