Орбан: Унгарските граничари нема да стрелаат кон нелегалните имигранти

Од:

Унгарија нема да стрела кон мигрантите кои се обидуваат да ја минат преку новата ограда на нејзината јужна граница и е отворена за преговори за европските квоти за прием на бегалци, откако ќе заврши поставувањето на оградата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервјуто, објавено денеска од државната радиотелевизија ОРФ, Орбан повторно го изрази својот став дека мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија кои минуваат низ Унгарија всушност не бегаат од сиромаштија и тие не се вистински бегалци, на кои им е потребен азил.

– Ние ја заштитуваме Европа согласно европските правила, според кои границите можат да бидат поминати само на одредени места на контролиран начин и со регистрирање, рече Орбан.

На прашањето дали на војниците на границата ќе им биде наредено да стрелааат тој одговори: „Не тоа нема да биде потребно, бидејќи ќе има ограда, преку која нема да може да минат. Сепак секој кој ќе одлучи да ја прескокне оградата ќе биде уапсен и изведен пред суд. Употребата на оружје нема да биде потребно“.

– Доколку надворешната граница на Европа не е блокирана, нема смисла да зборуваме за квоти. Кога ќе ја затвориме надворешната граница и ќе ја спречиме нелегалната миграција, може да зборуваме за некакво решение, одговори Орбан на прашањето дали би го прифатил прдедлогот на Европската комисија за воведување систем на квоти за распределување на мигрантите.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија