Анкета: Оланд ќе изгуби уште во првиот круг од претседателските избори во 2017 година

Од:

Претседателот Франсоа Оланд ќе има помалку гласови од Марин Ле Пен, Никола Саркози и Ален Жупе на првиот круг од претседателските избори во Франција во 2017 година, покажуваат резултатите од анкетата на Социолошкиот Институт Ифоп, порачана од весникот „Фигаро“ и телевизијата РТЛ.

Овие резултати покажуваат дека Оланд нема да стаса ни до вториот круг, пишува „Фигаро“.

Според анкетата за него најмногу ќе гласаат 19 отсто од избирачите со што ќе биде ставен на трето место по првиот круг, независно кој ќе му биде соперник од десницата. На прво место е Марин Ле Пен, која 27 отсто ја претпочитаат пред Никола Саркози, односно 29 отсто пред Ален Жупе. Двајцата десничарски лидери имаат поддршка од 25 проценти од анкетираните или шест отсто повеќе од Оланд.

Освен тоа мнозинството Французи или 78 отсто од анкетираните сакаат Оланд воопшто да не се кандидира во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата