Локализиран пожарот кај битолското село Ротино

Од:

Локализиран е пожарот кој избувна синоќа  кај битолското село Ротино.

Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека пожарот бил пријавен околу 20 часот, а локализиран во 23 часот.

СВР-Битола и пожарникарските служби констатираа изолиран случај во кој едно патничко возило се запалило во возење, но освен материјални нема други последици.

Во текот на денот надлежните служби ќе соопштат подетални информации за синоќешниот пожар, причините и последиците кои се регистрирани во битолското село Ротино.

Сообраќајот на магистралниот патен правец Битола-Ресен од пред неколку дена заради реконструкција е пренасочен по стариот пат што ги поврзува двете општини.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски